Кумановец ќе одговара за неовластено поседување марихуана

Сподели со своите пријатели

Кривична пријава поднесе делчевската полиција против Д.Ц. (33) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 13.09.2016 година во околу 13,50 часот на граничен премин Делчево на излез од Р.Македонија при извршен личен претрес и претрес на рачниот багаж врз пријавениот, во патната торба пронајдена била сува зеленкаста растителна материја со вкупна нето маса од 1,49 грама наркотична дрога -марихуана.