Кумановец ќе одговара за кражба вредна 240 илјади денари

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен Б.А. жител на Куманово заработи кривична пријава  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Имено на осми и деветти мај 2011 година, пријавениот насилно ја отворил влезната врата на магацинската просторија, која била во сопственост на Д.С. од Куманово од каде одзел два компресори и два електромотори во вредност од 240.000 денари.

Секторот за внатрешни работи по скоро цели четири години му поднесе кривична пријава.