Кумановец ќе одговара за измама тешка 58.000 евра

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М. (50) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Како што информираат од полицијата, во мај 2016 година пријавениот со лажно прикажување на факти во врска со набавка и заработка од продажба на овци за време на муслиманскиот празник Бајрам, навел лице од Куманово да започнат заеднички деловни односи. Притоа, во повеќе наврати му од одзел парични средства во вкупен износ од 58.000 евра, а по завршувањето на празникот не му ги враќал вложените пари на оштетениот.

Потоа, повторно склучиле договор за заем, при што до 20.08.2017 година на оштетениот му вратил само 8.000 евра од вкупниот долг.

Leave a Reply