Кумановец ќе одговара кривично за бесправно градење

Сподели со своите пријатели

Д.К. (31) од Куманово кривично ќе одговара поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот иако знаел дека лицето Н.Н. од Куманово нема одобрение од ЕВН Македонија, бесправно поставил бетонски и дрвени столбови за довод на електрична енергија до неговото стовариште на ул. „Индустриска“,
за што наплатил 26.000 денари.

Секторот за внатрешни работи поднесе соодветна кривична пријава.