Кумановец – извршител на тешка кражба приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, на 05.06.2015 година во 05.00 часот на ПС за ГП Табановце – железнички, на влез во Р. Македонја, при извршена пасошка контрола констатирано е дека S.И. (39) од Куманово, евидира на СТОП – Листа, и е предмет на потрага под сомнение дека е извршител на кривично дело “тешка кражба”.

Loading...

Истиот е лишен од слобода и предаден на СВР – Куманово за понатамошна постапка

На 04.06.2015 година во 12,50 часот на ПС за ГП Табановце, на влез во Р.Македонија при извршена пасошка контрола Д.Д. (29) од Струмица констатирано е дека истиот евидира на СТОП – Листа, и е предмет на потрага за издржување казна затвор во траење од пет месеци за сторено кривично дело “тешка кражба”.