Кумановец извршил разбојништво над 75-годишен сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишниот М.И. од Куманово заработил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 19-ти март, околу 13.15 часот во Куманово на ул. „Октомвриска револуција“со употреба на физичка сила извршил разбојништво над оштетениот М.Т. (75) од Куманово.

Секторот за внатрешни работи му поднесе кривична пријава за извршено дело разбојништво, а деталите за извршеното дело засега не се објавени од страна на МВР.