Кумановец измамен при купување машина од италијанска фирма

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишно лице од Куманово вчера пријавило дека на 09.11.2018 година уплатил 30% аванс за автоматска машина за кроење во износ од 46.638 евра на фирма од Италија.

Како што информираат од полицијата, утврдено е дека во добиениот мејл од италијанската фирма проследен со потпишан купопродажен договор се добиени лажни податоци за плаќање во странство односно името на фирмата примач е точна но информациите за банкарски детали и банката на примач се лажни.

По извршениот телефонски разговор со лице претставник на фирмата оштетениот добил  информации дека банкарски информации се неточни а парите што се уплатени не се добиени на нивната сметка.

Од страна на СВР Куманово се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply