Кумановец изгубил контрола над камионот, па скокнал од него

Сподели со своите пријатели

Во Полициската станица Крива Паланка вчера било пријавено дека во Итната медицинска помош со повреди бил донесен Г.Л.(43) од Куманово.

Loading...

Според пријавеното, на патот во изградба с.Т’лминци – с.Градец, кај место викано „Крстата падина’’, Г.Л. изгубил контрола над товарното моторно возило „ман“, со скопски регистарски ознаки, при што скокнал од возилото и се здобил со тешки телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Leave a Reply