Кумановец избоден со нож заврши на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер оклолу 22.10 часот на бул. „3-та МУБ“ во Куманово, Д.Т. (32) од Куманово бил физички нападнат од непознато лице, кое со остар предмет му нанело убодна рана на левата надлактица.

Како што информираат од Мнистерство за внатрешни работи, Д.Т. бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарка помош и поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Leave a Reply