На 20.10.2017 година во Полициската станица Карпош било пријавено дека околу 17.50 часот, Г.К.(46) од Куманово, кој бил сместен во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Скопје, самоволно ја напуштил болницата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за пронаѓање на лицето.