Кумановец и скопјанец повредени при експлозија на противградна ракета

Сподели со своите пријатели

Две лица вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, од кое едно од Куманово, вчера биле повредени при обид да подигнат противградна ракета, која во тој момент експлодирала.

Loading...

– На 03.06.2020 во 13.00 часот било пријавено дека во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тие имале задача да подигнат 11 противградни ракети со изминат рок или неисправни. При обид на Г.И. да извади една од нив, таа експлодирала и ги повредила двајцата.

Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Никола Ивановски

Leave a Reply