Кумановец и неговата 5-годишна ќерка тешко повредени во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

На 11.06.2018 година во 15.50 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе патничко моторно возило “Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово излетало од патот. Како што информираат од полицијата, од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка.

Поради сериозноста на повредите, истите по укажаната лекарска помош во Медицински центар -Штип, се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.

Leave a Reply