Кумановец дел од криминална група за трговија со оружје (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На 18.02.2019 година, од страна на Бирото за јавна безбедност – Единицата за сериозен криминал и тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактвен материјал при Одделот за криминалистичка полиција со поддршка на ОСПО и ОКТИВ, и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е координирана полициска акција со цел сузбивање на повеќечлена  организирана криминална група составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово инволвирана во вршење на кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по чл.396 од КЗ на РСМ.

Loading...

Во неколку различни случаи документирани се продажби на вкупно десет пиштоли. При реализацијата на 18.02.2019 година, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 13 локации, а при претресите лишени од слобода се Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25) сите од Скопје и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Куманово.

Од досега преземените оперативно – тактички мерки при спроведеното криминалистичко истражување вкупно пронајдени и одземени се една автоматска пушка, една ловна пушка, 16 пиштоли, муниција од различен калибар, мобилни телефони и СИМ картички.

Ф. А. и А. Б.  подолг период, во работилница лоцирана во Скопје, со употреба на пригоден алат изработувале огнено оружје пиштол на тој начин што Ф. А. набавувал потребна количина на пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, додека А.Б. во својата работилница сигналното оружје го конвертирал во огнено оружје, на начин што ја вадел цевката која што служи за испукување на гасен куршум и на нејзино место вметнувал метална цевка претежно од калибарот 7,65 мм,. Исто така, биле набавувани и други видови на огнено оружје и разни видови на муниција кои ги продавале на заинтересирани лица.

Loading...

По конвертирањето на оружјето, пронаоѓале заинтересирани лица и го продавале по цена од 250 до 400 евра.

Leave a Reply