Кумановец баран со потерница конечно се враќа зад решетките

Сподели со своите пријатели

Вчера во 22.00 часот во Велес од слобода бил лишен Б.М. (38) од Куманово, со престој во н.Градско, по кого од 09.01.2018 година била распишана централна потерница поради бегство од Казнено- поправната установа „Идризово“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој ќе биде спроведен повторно во казнено-поправната установа.

Leave a Reply