Кумановци продавале дрога во Пробиштип

Сподели со своите пријатели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Р.Ј.(21), Ј.Д.(20), двајцата од Пробиштип, К.С.(20) и Х.К.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Loading...

Како што информираат од полицијата, на 21.03.2018 година К.С. и Х.К. со возило во кое имало марихуана заминале кон Пробиштип да ја предадат на Р.Ј. и Ј.Д.. На улица „Цветко Тонев“, во момент на предавањето, полициски службеници ги затекнале пријавените и ја одзеле дрогата.

Leave a Reply