Кумановци претепале сограѓанин во дискотека

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Н.(30), С.Ѓ.(37), А.П.(21), Д.С.(27) и Г.С.(36), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што информираат од полицијата, на 26.08.2018 година околу 04.00 часот во дискотека во село Проевце, по претходна вербална расправија, првопријавениот, кој бил ангажиран како обезбедување во дискотеката, физички го нападнал С.Д., по што се приклучиле и другите пријавени, нанесувајќи му повреди на главата и телото.

Leave a Reply