Кумановци претепале сограѓанин по случена сообраќајна незгода

Сподели со своите пријатели

Тројца кумановци биле приведени откако физички нападнале дваесет и едногодишен сограѓанин од селото Пчиња.

Loading...

– На 25.03.2023 во 15.20 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово биле лишени од слобода Е.С.(22), Е.С.(18) и Е.С.(49) сите од Куманово поради тоа што по случена сообраќајна незгода физички го нападнале Д.Ј.(21) од село Пчиња, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хуманитарна изложба на автомобили во сабота во Куманово