Кумановци повторно дишат загаден воздух

Сподели со своите пријатели

Аерозагаденоста во Куманово и викендов уриваше рекорди, а од утринава ситуацијата е уште полоша.

Дождот кој при крајот на ноември донесе намалување на присуството на ПМ10 честичките во воздухот веќе го нема, па со тоа се вратија старите маки за кумановци.

https://www.instagram.com/p/BqSE_jvFQXX/

Loading...

На првиот ден од последниот месец годинава надминувањето на дозволената граница беше двојно, односно изнесуваше 111 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух, додека вчеравечер за три пати беше надминото дозволеното ниво.

https://www.instagram.com/p/BqSPW0jldyf/

Сепак рекорди се уриваат уште од рано утринава. Околу 11 часот мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат висока концентрација на загаденост и тоа 182 микрограми ПМ10 честички.

Leave a Reply