Кумановци побараа оставка од власта (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово вчеравечер повторно излегоа на протестен марш по улиците во централното градско подрачје за да го изразат револтот од селективното делење правда, но и да побараат оставка од претседателот Иванов.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”373″]

 

Протестот во организација на граѓанското движење „Протестирам“ започна пред зградата на Основниот суд во Куманово, каде свое обраќање меѓу останатите имаше и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој рече дека оваа власт веќе 10 години ја узурпира државата и судството од судиите од тефтерот на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, а инвеститорите заплашувани од хилтата на Миле Јанакиевски.

Груевски се хранеше со стравот на граѓаните, но народот повеѓе не се плаши , ВМРО како и државата треба да се исчисти од криминалците, тоа е културно историско наследство на Македонија кое треба да се чува, а не криминалните порти и споменици – порача Спасовски .

Претседателот на Комисијата за култура при СДСМ, Роберт Алаѓозовски исто така имаше свое обраќање пред кумановчани кој ја спомена темата со гатачката и поранешниот премиер Груевски.

Оној што се нарекува премиер конултирал гатачи два часа денеска во кабинетот на вечниот премиер седела гатачка и му ја предвидувала иднината. Доколку ги снима камера тие ќе бидат поинтересни од сите реални шоуа- рече Алаѓозовски.

По нивните обраѓања започна протестниот марш каде преку скандирања беше побарана оставка од актуелната власт во државата. Маршпт со факели и пароли се одржа низ централното градско подрачје, каде селективно беше затворан сообраќајот, а целиот настан беше обезбедуван од полицијата.