Кумановци ќе одговараат за насилство врз сограѓани

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.Т.(21), Д.А.(19) и две 17 годишни лица, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Како што информираат од полицијата, пријавените на 21.10.2018 година околу 01.30 часот пред кафе бар во село Долно Којнаре физички ги нападнале лицата С.Ѓ., Ф.Ѓ. и М.Б.

На оштетените лица им била укажана лекарска помош во Општа Болница Куманово и им биле констатирани телесни повреди.

Leave a Reply