Кумановци ќе одговараат за фалсификување документи при продажба возило

Сподели со своите пријатели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Ц.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина”, против Ж.К.(50) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност”, ,,помагање” во врска со „фалсификување исправа” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина”, против А.А.(40) од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,помагање” во врска со „фалсификување исправа” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина” и против Г.А.(39) од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање” во врска со „фалсификување исправа”.

Како што информираат од полицијата, во октомври 2016 година З.Ц. изготвил два лажни договори за купопродажба на патничко возило „БМВ X5” помеѓу лице од Куманово како продавач и Ж.К. како купувач.

Потоа, првопријавениот во име на второпријавениот, ваквиот договор, заедно со потврдата за пријавен престој во странство на име на второпријавениот, ги приложил во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

Третопријавениот А.А., со давање на совети и директно учество му помогнал на првопријавениот при постапката за регистрација и продажба на наведеното возило.

На 01.11.2016 година во Куманово, четвртопријавениот ги однел кај нотар лажните договори за купопродажба на наведеното возило каде што биле потврдени и заверени.

Leave a Reply