Кумановци и вечерва дишат загаден воздух

Сподели со своите пријатели

Загаденоста на воздухот вечерва е на алармантно ниво во Куманово, а присуството на штетните ПМ10 честички вечерва пред поноќ изнесува 216 микрограми на метар кубен воздух (µg/m3), од дозволените 50, покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од почетокот на декември во два наврати воздухот во Куманово беше загаден осум пати над дозволената граница од 50 микрограми.

 

Loading...

 

Но, Куманово не е единствениот град, загаден воздух дише скоро цела Македонија. Предничи Велес со 128µg/m3, но и скопските населени места места: Лисиче со 571µg/m3, Општина Карпош со 277 µg/m3 Гази Баба 214 µg/m3, Ректорат 338, Миладиновци 194µg/m3. Загаден воздух дишат и граѓаните на Тетово, каде нивото на ПМ10 честичките е 167µg/m3, Кичево 182 µg/m3, Кочани 237 µg/m3, Кавадарци 166µg/m3.

Надлежните иако најавија спроведување на некои мерки за намалување на загаденоста, истите засега не даваат резултати, но најавениот дожд и снег за утре се очекува да го расчисти воздухот.