Кумановци физички се пресметувале во полициски час

Сподели со своите пријатели

Тројца кумановци нападнале сограѓанин во перидо кога на сила бил полицискиот час.

Loading...

Три лица се обвинети за непостапување според здравствените прописи, откако не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од Јавното обвинителство.

Обвинетите, како што опјаснуваат од Обвинителството, на 24.03.2020 година, околу 22:15 часот заедно отишле во дом на друго лице од Куманово со кого имале претходни несогласувања. Обвинетите започнале вербална расправија, а потоа и физичка пресметка.

Поради нарушување на јавниот ред и мир, биле повикани полициски службеници, кои го констатирале извршеното кривично дело од страна на обвинетите.

Поради прекршување на полицискиот час предложено е до судот да им изрече мерка парична казна од 2.000 евра.

Никола Ивановски

Leave a Reply