Кумановци физички се пресметале по расправија во собораќај

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 16,10 часот во Куманово на улицата „Трета Македонска Бригада“, поради меѓусебно недоразбирање во сообраќај, Ф.Л.(38) од селото Лојане – кумановско, ХХ.(49) од селото Ваксинце – кумановско и уште едно лице, кои се превезувале во патничко моторно возило, физички го нападнале М.О.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по нападот, на истиот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар – Куманово, каде му биле констатирани телесни повреди.

За настанот бил запознат Јавен обвинител, а по превземени мерки од страна на СВР-Куманово Ф.Л. и Х.Х. биле пронајдени и приведени во полициска станица и со истите бил извршен разговор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.