Кумановчанка нападната и ограбена на улицата „11-ти Октомври“

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 08,00 часот во Секторот за внатрешни работи – Куманово, Л.Д.(43) пријавила дека истиот ден околу 07,05 часот додекачекала автобус на ул.„11-ти Октомври“ од страна на лицето Б.В. од Куманово, и било извршено разбојништво.

Имено, според нејзината пријава, разбојништвото било извршено на тој начин што пријавениот и пришол од позади грб и ја удрил со рацете по задниот дел на главата, по што истата паднала на асфалтната површина и тогаш истиот се обидел да и ја одземе чантата, но откако не успеал во намерата и го одзел мобилниот телефон и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.