„Кумани“ со парична помош за Александар и Мартина (фото)

Сподели со своите пријатели

Претставници на навивачката група „Кумани“ вчера биле во посета на семејството Додевски, каде донирале одредена парична сума за помош на седумгодишниот Александар и неговара три години постара сестричка Мартина, кои боледуваат од цироза на црн дроб.

Освен паричните средства, на подарок добиле и навивачки шалови на кои посебно им се радувале.

Инаку за семејството Додевски секоја финансиска помош е добредојдена со оглед дека на малиот Александар му е потребна итна трансплантација на црн дроб која чини 100 илјади евра.

Доколлку сакате да помогнете можете истото да го направите со уплата на парични средства на жиро сметка.

Име: Јасмина Додевска
Банка: Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
Жиро-сметка: 320500025832633

 

Loading...