Културни и спортски манифестации за Денот на ослободувањето на Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе културни и спортски манифестации ќе организира Општина Куманово организира  по повод 11 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Како што беше соопштено денеска на прес-конференција, вечер во 19 часот во Занаетчискиот дом, градската музика „Илинден“ ќе одржи концерт по повод Денот на градот и значајниот јубилеј, 110 години од функционирањето на градската музика. Утре, во спортската сала ќе се одржи турнир во мал фудбал „11 Ноември“, за пехар на градоначалникот, а задутре, во Центарот за култура ќе биде отворена изложбата на слики од колонијата „Карпино“.

Во предвечерието на празникот ќе се одржи ноќна ателетска трка која ќе почне пред поранешнит хотел „Кристал“, додека на 10 ноември со почеток во 20 часот во Уметничката галерија ќе биде отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници“.

– Традиционалниот мега концерт ќе се одржи на градскиот плоштад на 10 ноември од 20:30 часот. Ќе настапат познати македонски изведувачи, „Нокаут“, Бени Шакири и „Нон Стоп“,  Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски, Марио Арангеловски и Мартија  Станојковиќ. Како и секоја година прославата  ќе биде проследена со спектакуларен  огномет, рече портпаролот на Општината Бисера Арсовска.

Loading...

На 11 ноември делегации ќе положат цвеќе на Спомен костурницата, а  ќе се одржи и свечена академија.

Извор: МИА