#Култура за Куманово #Куманово за култура, проект на АктивУм за промоција на културно, духовно наследство и традиција на Куманово

Сподели со своите пријатели

#Култура за Куманово #Куманово за култура е насловен проектот кој го спроведува Здружението за активизам, едукација, култура и уметност, ГРАЃАНСКИ ЦЕНТАР АКТИВУМ Куманово. Проектот, информираа одговорните од здружението, има за цел да ја афирмира и промовира традицијата, културното и духовното наследство на Куманово, преку мобилизација и вклучување на заедницата, особено на младите.

Loading...

Во рамки на проектот ќе се организира „Уличен фестивал“ во кој ќе учествуваат кумановци, за кој ќе се изработат фотографии и видео запис кои ќе останат како промотивни материјали. Воедно, ќе се организира и донаторски настан во кој ќе се вклучи и бизнис заедницата, со што ќе се промовира нивната општествена одговорност и солидарност. Младите од различните етнички заедници ќе стекнат вештини за изработка на улична фотографија, преку изработените материјали ќе се промовира и документира културното и социјалното наследство на Куманово. Вклученоста на локалната заедница ќе овозможи да се разбере и промовира традицијата, материјалното, нематеријалното наследство и историјата на мултикултурно и мултиетничко живеење. Бизнис заедницата ќе промовира филантропија и донаторство како локална вредност која треба да се усвои и негува.

Проектот ќе ги опфати сите категории граѓани во општината, ќе понуди можност да се здружат институциите на локално ниво, но пред се граѓаните од општина Куманово, што го промовира и акцентира мултиетничкиот карактер, различностите и соживотот во најголемата општина во  државата, што е богатство кое е дел од локалната традиција и култура на градот Куманово.

Годинава, Куманово слави пет века постоење и е прогласен за Град на културата, така што овие активности придонесуваат за достојно одбележување на јубилејот.

Проектот кој почна во септември ќе трае до март наредната година и се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од ЕУ, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Општина Куманово кофинансира дел од средствата за проектот.

Leave a Reply