Куќата на „Симпсонови“ навистина постои (фото)

Сподели со своите пријатели

За многумина серијата „Симпсонови“ е една од омилените, а веројатно барем некогаш сте се запрашале како оваа куќа на познатото семејство би изгледала во реалноста. Познато е дека портокаловото здание во 1997 година го оживеа градежната компанија „Kaufman & Broad“.

 

Loading...

 

Таа е сместена во Невада во Ред Барк Лејн 712, а нејзините творци се обиделе секој нејзин дел да го направат да наликува на онаа во серијата.

 

 

Единствена причина поради која оваа куќа е изградена е за да биде главна награда на натпреварување.

Победникот би можел да преземе парична награда од 75.000 долари или клучеви од домот на Симпсонови, што би значело дека е ултимативниот фан на најпопуларното американско семејство.

 

Loading...

 

Изгледа дека победничката Барбара Ховард сепак ги зела парите, а куќата на крајот е продадена на некој друг човек.

 

 

Таа истакнала дека куќата е премногу одалечена од фармата каде таа и неизниот сопруг одгледуваат крави, ноеви и садат тутун.

 

 

Кога куќата повторно била достапна за јавноста, илјадници луѓе се појавиле за да ја видат во живо.

Таа не само што однадвор изгледа исто како во серијата, туку така е и со ентериерот. Дизнајерите посебно се фокусирале на две простории, собата на Барт и дневната соба.

 

Loading...

 

Главниот архитект рекол дека 90% од куќата е пресликана од серијата.