Куќа изгоре до темел во селото Орах

Сподели со своите пријатели

На 17.07.2018 година во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, од страна на командир на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане бил пријавен пожар во куќа лоцирана во село Орах, Старо Нагоричане.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во 16,50 часот од страна на увидна екипа од СВР Куманово, а по овластување од Јавен обвинител бил извршен увид на местото на настанот при што било утврдено дека избувнал пожар во стара камена куќа во која постојано не се живее, а била сопственост на Т.Т.(84) од Скопје.

Од пожарот изгорела целата кровна конструкција на куќата, која потоа паднала. Се работи на целосно расчистување на случајот.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply