Куќа гореше во Перо Чичо, автомобил во Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Подрумски дел од семејна куќа викендов изгоре во пожар во населбата Перо Чичо.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во пожарот нема повредени, апричинета е материјална штета. Петмина пожарникари го изгаснале огнот за половина час.

Во селото Ваксинце во период од 17:40 до 19:11 четтворица пожарникари викендов гаснеле запален автомобил. Во пожарот исто така е причинета материјална штета.

Leave a Reply