КУД „Српски вез“ викендов на турнеја во Сомбор и Нови Сад

Сподели со своите пријатели

Културно уметничко друштво Куд „Српски вез“ овој викенд патува на турнеја во Нови Сад и Сомбор, Република Србија.

Предвидено е на 25. мај да претстојуват во Нови Сад, а на веќе следниот ден во Сомбор да има заеднички концерт со Куд „Пригревица“.

На Концертот Српски вез ќе го претстави нашиот град со Игри од Кумановско поле и Игри од околина на Пчиња, исто така договорено е и солостката Тамара Јакимовска да изведе неколку нумери во придружба на Оркестарот на Српски вез. Куд „Пригревица„ ќе се претсави со нивниот Детски и Прв ансамбал, вели Далибор Китановиќ од КУД „Српски вез“.

Ова турнеја е поддржана од страна на Управата за дијаспора и Србите во регионот, при Министерството за надорешни работи на Република Србија.

Leave a Reply