КУД „Српски вез“ со концет ќе одбележи 8 години постоење

Сподели со своите пријатели

По повод 8.години постоење и работа, Културно уметничко друштво „Српски вез“ од Куманово ќе одржи Годишен концерт. Концертот ќе се одржи на 25.Септември 2021 година, на Платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, со почеток од 18:00 часот.

Loading...

На самиот концерт предвидено е да настапат сите фолклорни секции на друштвото заедно со оркестарот, етно групата и солистите. Специјални гости во програмскиот дел ќе бидат и членовите на Детскиот културен центар „Карпош“ од Скопје.

Најавено е присуство на Амбасодорите на Србија и БиХ, како и гости од светот на Културата од Србија и Македонија.

Самиот концерт ќе биде одржан согласно сите протоколи и препораки од страна на Владата на Р.Северна Македонија за сузбивање на пандемијата.

Концертот е подржан од страна на Министерството за култура на Р.С.Македонија, Управата за соработка со дијаспората и Србите од регионот како и од Општина Куманово.