КУД ”Српски вез” од Куманово потпиша меморандум за соработка со друштво од Србија

Сподели со своите пријатели

Културно уметничко друштво „Српски Вез“ од Куманово оствари официјална посета на КУД ”Бранко Радичевиќ” од Земун.

Loading...

Во текот на посетата, потпишан e меморандум за меѓусебна соработка во областа на зачувањето, ширењето и унапредувањето на српската култура, традиција и фолклорот.

Меморандумот предвидува меѓусебно партнерство, размена на искуство, организирање на заеднички концерти, размена на ансамбли, меѓусебни гостувања и така натаму.

На состанокот исто така беше договорено гостување на КУД “Српски вез” во Земун кој крајот на aвгуст, a исто така беше договорен настап на првиот амсамбал на КУД “Бранко Радичевиќ” на годишниот концерт на Српски вез кој ќе се одржи во НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев” во месец октомври, информираат од културно – уметничкото друштво.