КУД „Панче Пешев“ со бројни настапни летово (фото)

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкото друшство „Панче Пешев“ од Куманово учествуваше на Собир на културно наследство на Србија кој се одржа во Косовска Митровица, Србија.

 

Loading...

 

Десетина културно-уметнички друштва од државите на поранешја Југославија беа дел од оваа манифестација, каде го презентираа фолклорот и културното богатство на своите региони.

 

 

КУД „Панче Пешев“ последните неколку години е активен учесник на овој Собир.

Оваа година друштвото ја освои првата награда за Зачувување на фолклорното играчко наследство, со тоа успешно го презентираше македонскиот и кумановскиот фолклор – вели Мирослав Крствски, претседател на КУД „Панче Пешев“.

 

Loading...

Викендов што претстои „Панче Пешев“ ќе биде дел и од најавтентичните меѓународни фестифали, Фестивалот на изборни народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“ во Долнени, Прилеп.

Ќе учествуваме со настап на женска пеачка група и изворен народен оркестар. Веќе од 30 Јули до 5 август 2017 година КУД„Панче Пешев“ ќе учествуваме на Интернационален ЦИОФ фолклорен фестивал во Варна, Република Бугарија. На фестивалот ќе земат учество над 20 ансамбли на земји од сите континенти на светот. На овој фестивал КУД„Панче Пешев“ учествуа за прв пат и се надевам дека со голем успех ќе го презентира македонскиот фолклор, култура и традиција – вели Крстевски.

Според Крствски овие фестивали се од големо значење за зближување на народите, но и за зачувување на културата и традицијата и промоција на својот народ и неговите посебности.