КУД „Панче Пешев“ се врати од турнејата во Франција (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкото друштво Панче Пешев се врати од турнеја во Франција, каде учествуваше на Меѓунaроден Фолклорен Фестив во градот Аленсон.

На 7-ми и 8-ми јули  друштвото беше гост на Македонската Црковна заедница „Кирил и Методиј“ во градот Париз, а на покана на македонското национално малцинство. Вечерта на 7-ми јули во црковниот двор беше изведена дел од  богата културно уметничка програма на друштвото, а на крајот следуваше заедничко дружење испреплетено со македонската песна и и игра како и звуците на кавалот, гајдата, зурлата и тапанот. Наредниот ден следуваше посета на  Ајфеловата кула, Триумфалната капија како и уште многу други знаменитости во градот Париз, вели Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“.

 

Loading...

 

По посетата на Париз следуваше посета на градот Аленсон каде што се одржа Меѓународен Фолклорен фестивал на кој учествуваа друштва од Мексико, Колумбија, Узбекистан, Полска, како и друштва од Франција и градот домаќин Аленсон.

 

 

КУД Панче Пешев го претстави македонскиот, но и кумановскиот фолклор и традиција пред тамошната публика. Друштвото баше за прв пат на овој фестивал кој е во рамките на CIOFF Франција.

 

Loading...

 

Членовите на друштвото освен убавините на градот Париз имаа можност да ги посетат и градовите Венеција, Кан, Ница, Монако и Монте Карло.

 

 

На крајот на месец јули друштвото ќе гостува на Меѓународниот голклорен фестивал „Илинденски денови“ во Битола.

Leave a Reply