КУД „Панче Пешев“ денеска учествува на фестивалот „Оро весело“

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ и годинава учествува на 18. Меѓународен фоклорен детски фестивал „Оро весело“ кој се одржува во Радовиш.

Фестивалот се одржува во чест на христијанскиот празник Св. Тојца, патрон на градот Радовиш, наменет е за деца од 7 до 14 годишна возраст и по тој повод гостува детскиот фолклорен ансамбл при кумановското друштво.

КУД „Панче Пешев“ гостува денеска со уште неколку друштва од републиката. Целта на фестивалот е преку игра и песна да гради мостови на пријателство помеѓу децата од нашата земја и останатите пријателски земји, изјави Мирослав Крстевски, претседател на друштвото.

Фестивалот се одржува од 25. до 28. мај и е од меѓунроден каратер.

Leave a Reply