Кучињата можат да откријат рак кај луѓето

Сподели со своите пријатели

Кучињата во 98% од случаите можат да откријат рак на простата, односно подобро отколку лабараториски анализи, тврдат американските научници.

На неодамнешниот Конгрес на уроолози во американската сојузна држава Флорида, научниците навеле дека кучињата можат да го откријат ракот на простатата кога ќе ја помирисаат човековата урина.

Експертите сметаат дека заболените лица по пат на урината исфрлаат одредени молекули поврзани со ракот. Во експериментот, научниците користеле германски вочари обучени за откривање експлозиви на аеродромите.