Ксенија украла 300.000 евра од банката во која работела: Ги потрошила на пластични операции и обложувалници

Сподели со своите пријатели

Десет години затвор ѝ се закануваат на шалтерката службеничка Ксенија Орлова од Русија бидејќи украла 300.000 евра од банката во која работела.

Loading...

Парите ги потрошила на пластична операција на градите и спортско обложување.

23-годишната девојка планирала да побегне во странство, но била уапсена од полицијата додека бегала и била обвинета за проневера.

– Уапсената признала дека од ноември 2020 година до 23 јануари 2022 година, злоупотребувајќи ја положбата, ги украла парите што ѝ биле доверени, со што ѝ нанела штета на банката во износ од 26 милиони рубљи (300.000 евра) – соопшти полицијата.

 

 

Наводно, Ксенија пред апсењето имала пластична операција за зголемување на градите.

Loading...

Таа ќе помине најмалку два месеци во притвор до завршување на истрагата, пренесува Мирор.

Сослушан е и нејзиниот сопруг Евлин (24), поранешен војник.

Колегите на Ксенија биле шокирани од се што се случило, бидејќи таа на сите им била омилена колешка и сите многу ја ценеле.

– Таа е многу паметна, образована и заврши одлична работа. Таа добро знаеше да работи на каса. Ако порано имало недостиг, таа секогаш помагала да се најде грешката и да се поправи што е можно поскоро. Наскоро требаше да биде унапредена, обучена е за заменик – директор – изјави нејзината колешка.

 

 

Колегите не можат да веруваат дека е уапсена, бидејќи потекнува од пристојно семејство, а и нејзиниот сопруг оставил впечаток на пристојна и доверлива личност.

Loading...

– Во врска се пет години, се венчаа летово – изјавил нејзин колега.

Нејзината сосетка Наталија Карашева изјавила дека не може да поверува дека Ксенија можела да направи такво нешто.

– Никогаш нема да верувам, ја познавам од детството – рекол соседот.