12.07.2018 14:06

Крокодил со заби и го влечел детето: МАЈКАТА ХЕРОЈ со голи раце го спаси синот (ВИДЕО)


Расми Даван (37) од Индонезија влегла во река полна крокодили за да го извлече својот син Јади Путра (11) кого претходно во реката го одвлечкал крокодил.

Јади одел покрај реката кога крокодилот излегол од водата, го каснал за рака и го повлекол во водата.

Крокодилот го влечел момчето 15 метри, а потоа тоа го забележала мајката Расми и веднаш влегла во водата.

ЅВЕР ОД 600 КИЛОГРАМИ: Уловен најголемиот крокодил во светот (ФОТО)

– Само влегов во водата да го извлечам својот син од канџте на крокодилот, а кога пливав кон него, крокодилот го пушти и отплива. Не ме интересираше дали ќе ме касне некој друг крокодил, бев фокусирана на спасувањето на мојот син, рекла мајката.

Момчето по спасувањето го одвела во болница, а тој има и сериозна повреда на раката.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments