Кризна состојба да прогласи Владата, побараа надлежните институции

Сподели со своите пријатели

Групата за проценка по денешниот состанок побара Владата да донесе Одлука за кризна состојба на територијата на целата држава.

Loading...

Групата за процена (составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, Заменикот на Началникот на Генералштабот на Армијата, Раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија) попладнево (04.08.2021) одржа седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донесе едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет (министрите за внатрешни и надворешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски како и раководителот на групата за процена) да и предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и и’ предлага на Владата на Република Северна Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена.

Никола Ивановски

Leave a Reply