Кривични пријави за насилство против двајца жители од липковско

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (40) од село Ропаљце, општина Липково и А.Д.(40) од селото Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените на 3-ти овој месец, околу 16,30 часот, влегле во механичарска работилница во Куманово и Б.С. со рачка од секира почнал да го удира вработениот М.С. (20). Во обид да избега кон улицата, на излез од гаражата, со тупаница бил удрен во предел на главата од А.Д.