Кривична за жител на Липково, извадил двојна патна исправа

Сподели со своите пријатели

Жител на Липково извадил двојна патна исправа, откако првата му била одземена во Унгарија поради кривичен процес.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.А.(25) од с.Слупчане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 25.03.2019 пријавениот, со цел да се стекне со дупликат патна исправа, во ОУР Куманово поднел барање за издавање на нова патна исправа по основ на изгубена и во постапката за издавање доставил изјава во која тврди дека дека неговата патна исправа ја изгубил во 2019 година во Куманово.

По извршени проверки од 13.04.2020 од Амбасада на РС Македонија во Будимпешта било добиено известување дека, претходно на 18.10.2019, пријавениот во Унгарија бил кривично процесуиран за фалсификување на документ каде му била запленета и предметната патна исправа.

Никола Ивановски

Leave a Reply