Кривична за вработена во Агенција за катастар на недвижности Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово, на 22.11.2018 година до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против А.С. (39) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353-в став 3 во врска со став 1 од Кривичен законик на Република Македонија, информираат од СВР Куманово.

Имено, пријавената, вработена во Агенција за катастар на недвижности Куманово на работно место референт за промени, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности овозможувајќи му на Ќ.И. на сметка на Х.А да прибави противправна имотна корист. Откако оштетената Х.А. претходно се договорила со Ќ.И. за продажба на ½ идеален дел од Нива лоцирана на м.в.Стара Корија, КО Слупчане во површина од 3638м², односно 1819 м², склучиле договор за купопродажба и го завериле кај нотар. По прием на пријавата за запишување-исправка во Агенција за катастар на недвижности, пријавената врз основа на горенаведениот договор ја спровела и потврдила со Потврда за запишување на промена во катастар за недвижности и тоа наместо ½ идеален дел од горенаведената парцела – односно 1819 м², пријавената без никаков основ ја потврдила и го запишала целокупниот недвижен имот од вкупна површина од 3638 м², го заверила со нејзин потпис и го спровела во електронскиот систем АКН-ОКН Куманово и вкупната површина од 3638 м²  ја префрлила во имотен лист сопственост на Ќ.И. кој откако се здобил со противправна имотна корист од горенаведената парцела, ½ идеален дел со површина од 1819 м² го продал на друго лице Ѓ.С. за што случиле купопродажен договор за невдижен имот и истиот договор од страна на пријавената со Потврда за прием на пријава за запишување-исправка ја Потврдила, запишала и спровела со што потоа го заверила со нејзин потпис и го спровела во електронскиот систем на АКН-ОКН Куманово и ја префрлила во имотен лист сопственост на Ѓ.С.

Leave a Reply