Кривична за уште еден кумановец кој превезувал дрва без дозвола

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.О.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат надлежните, пријавениот на 13.06.2019 на локален пат во Бедиње, кумановско, без регистрирана дејност, во својство на физичко лице, со товарно возило вршел јавен превоз на огревни дрва по испратници издадени од фирма од село Гошинце.

Притоа како што појаснуваат лицето, не поседувало лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган.

Leave a Reply