Кривична за кумановски полицаец вработен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Полициски службеник од Полициска станица за Граничен премин „Табановце“ заработи кривична пријава.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 10.06.2020 во 17.40 часот пријавениот, вработен како полицаец во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, при вршење на пасошка контрола, ѝ дозволил на А.С. влез во Р.Северна Македонија, при што не ја завел во електронски систем како патник кој влегува во Р.Северна Македонија и не побарал задолжителен ПСР тест за Ковид -19, односно не постапил согласно изречени мерки на Владата.

Никола Ивановски

Leave a Reply