Кривична за кумановец во чиј автомобил полицијата пронашла хероин

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец заработи кривична пријава, откако полицијата уште во јули годинава, пронашла хероин во неговиот автомобил.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 17.07.2020 на регионален пат Куманово – Скопје полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и во возилото што го управувал, при што пронашле и одзеле хероин.

Никола Ивановски

Leave a Reply