Кривична пријава за уште еден нелегален превозник на дрва

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Б.(37) од село Брест, општина Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од таму, на 08.10.2019 кај брана „Глажња“, општина Липково, пријавениот со товарно моторно возило „мерцедес“ вршел превоз без лиценца на огревни дрва со испратници од фирма од с.Гошинце.

Инаку ова е само уште една во низата кривични пријави против лица кои вршат нелегален превоз на дрва во реонот на селото Гошинце.

Leave a Reply