17.05.2018 12:57

Кривична пријава за пронашениот директор на Здравствен дом Крива Паланка

loading...

Надворешната канцеларија за криминалистички истраги Крива Паланка поднесе кривична пријава против Р.М.(60) од Крива Паланка за сторено кривично дело “злоупотреба на службена
положба и овластување“.

Во текот на 2013 и 2015 година пријавениот, како директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, при склучени договори за комуникациски услуги помеѓу ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка и мобилен оператор, подигнал мобилни телефонски апарати и ТВ приемници, при што
истите не ги евидентирал во книговодствената евиденција на ЈЗУ, ниту ги доделил на вработените во ЈЗУ.

Исто така, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, пријавениот, за телефонски број  регистриран на претплатник на ЈЗУ „Здравствен дом“ Крива Паланка, извршил уплата од 168.007 денари. Со ваквите дејствија пријавениот го оштетил ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка,  Буџетот на РМ и Фондот за здравствено осигурување на РМ во вкупен износ од 809.607 денари.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments