Кривична пријава за Лила Филиповска

Сподели со своите пријатели

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против водителката Лила Стојановска (екс Филиповска), која е осомничена дека затаила данок од над 1,7 милиони денари.

Loading...

„Поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ до Основно јавно обвинителство Скопје Управат за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Л.С. која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н“ – информираат од Финансиска полиција.

Според Финансиска полиција „Расположивите парични средства како остварен приход Л.С. ги подигнала во целост и во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кои средстав го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија“.

Leave a Reply